Ирена Танчева,
Неделна Астролошка Прогноза, 1–7 Ноември, 2021
Ноември 2, 00:11 ч. Месечината влегува во Вага
Ноември 4, 01:52 ч. Месечината влегува во Скорпија
Ноември 6, 01:52 ч. Месечината влегува во Стрелец
Ноември 4, 22:14 ч. Млада Месечина во Скорпија 12 Ско 40'
Ноември 5, 11:44 ч. Венера влегува во Јарец 0 Јар 00'
Ноември 5, 23:35 ч. Меркур влегува во Скорпија 0 Ско 00'
Анализата е изработена според Централно Европско Време
1 Ноември 2021 — Понеделник
СОНЦЕ во СКОРПИЈА, МЕСЕЧИНА во ДЕВИЦА
Прекрасниот тригон помеѓу МЕРКУР во рафинираната ВАГА и ЈУПИТЕР во хуманата ВОДОЛИЈА кажува дека ова ќе биде ден кога ќе се интересираме за законот, дипломатските односи и другите видови на консултации. Ова е ден кога сигурно ќе дојдете до некаков вид на успех, бидејќи знаете како да учите, да размислувате логично и да дојдете до саканите заклучоци. Со добро развиена дедукција нема да бидете измамени од страна на потенцијалните опоненти.
СОНЦЕТО во СКОРПИЈА ужива во откривањето на мистериите и длабоко закопаните тајни, така што сега е добро да вложите напор и да ги откриете хиероглифите во вашите лични пирамиди.
МЕСЕЧИНАТА во ДЕВИЦА е тука да помогне во сензитивните теми, да пружи логистичка поддршка и резервирано соочување со фактите, стремејќи кон перфекционизам во односите еден-на-еден.
Сега не е време да бидете окупирани со туѓите проблеми и на тој начин да губите перспектива за својот живот — МЕСЕЧИНА квадрат ВЕНЕРА во филозофскиот СТРЕЛЕЦ — туку да изградите силно семејство, интимни врски и да започнете нови проекти — МЕСЕЧИНА тригон ПЛУТОН во сериозниот ЈАРЕЦ.
Обрнете внимание на сите ситни детали, без оглед колку безначајно тие може да изгледаат на прв поглед и на тој начин заштитете ги своите интереси. Ова е одличен ден за корисна интелектуална работа.
2 Ноември 2021 — Вторник
СОНЦЕ во СКОРПИЈА. МЕСЕЧИНА транзит ВАГА,
( 2–4 Ноември )
МЕСЕЧИНАТА во дипломатската ВАГА во тригон со САТУРН во прогресивната ВОДОЛИЈА открива дека ова ќе биде одличен ден за исцелување, особено во хуманитарните напори, потоа за асистенција, за освежување, обновен ентузијазам и оптимизам.
Оваа МЕСЕЧИНА инсистира на хармонични врски и убава околина, па затоа избегнува грубост од секаков вид, лични конфронтации или интензивни емоции, кои што пак се потенцирани од СОНЦЕТО во СКОРПИЈА.
Оваа тенденција е уште повеќе нагласена поради квадратот на МЕРКУР во друштвената ВАГА и ПЛУТОН во конструктивниот ЈАРЕЦ, кој што индицира одредена доза на недоверба, параноја и скриени мотиви, но ова влијание може да се искористи во длабоко исцелување на клетките, за прочистување на личната енергија, како и за истражување во езотеричните и окултните науки.
Сепак ова е одличен ден за отстранување на сите сомнежи кои што човечкиот ум може да ги проектира и за боење на светот во пастелни бои. Затоа денес барајте начини да се исцелите преку третмани кои што вклучуваат физички контакт и најдете некое мирно место каде што ќе се дружите со луѓе кои што се сосема различни од вас, барајќи точки на сличност.
3 Ноември 2021 — Среда
СОНЦЕ во СКОРПИЈА, МЕСЕЧИНА во ВАГА
И покрај неколкуте стресни аспекти од минатиот ден, но и оние во деновите што следат, денес ќе откриеме дека ова е идеален ден за креативност, нови идеи и проекти, како и за физичка убавина — МЕСЕЧИНА тригон ЈУПИТЕР во развиената ВОДОЛИЈА. Работите се одвиваат на лесен начин, толеранцијата е во подем, а сето тоа е добра основа да се заборави на минатото и да се започне одново со полесна нота.
Денес ќе дојдете до саканиот респект, вашите остварувања ќе бидат препознаени, а вашата работа вреднувана. На тој начин ќе можете да ги наплатите своите услуги и да инвестирате во развој на својот бизнис — МЕРКУР секстил ВЕНЕРА во експанзивниот СТРЕЛЕЦ. Вашето реноме, влијание и моќ ќе дојдат до израз и сето ова ќе се случи на еден здрав и инспиративен начин.
Затоа сега нема да дозволите непочитување, нељубезност и нетолеранција — МЕСЕЧИНА квадрат ПЛУТОН во резервираниот ЈАРЕЦ — туку ќе ги следите своите соништа до нивното конечно остварување. Вашиот статус расте!
4 Ноември 2021 — Четврток
СОНЦЕ во СКОРПИЈА, МЕСЕЧИНА транзит СКОРПИЈА,
( 4–6 Ноември ),
МЛАДА МЕСЕЧИНА во СКОРПИЈА, 22:14 ч.
И додека спиевте сонувајќи соништа со мистериозни пораки, допрени од страна на невидливиот свет кој што е реален како и самата реалност, МЕСЕЧИНАТА тивко влезе во таинствената СКОРПИЈА.
Ова е период кога не ви е лесно да ги откриете своите емоции, но затоа пак тие отсликуваат чудни слики и раскази во светот на соништата, кои што инспирираат нови начини на размислување, будење на заспаните таленти и лична трансформација — МЕСЕЧИНА конјункција МАРС.
СОНЦЕТО во егзактна опозиција со ретроградниот УРАН во практичниот БИК ќе ја нагласи импулсивноста, немирот, како и потребата за ослободување од рестриктивните односи, а квадратот СОНЦЕ/САТУРН ќе ја нагласи потребата за одговорност и дисциплина кон вашите обврски и задачи.
МЛАДАТА МЕСЕЧИНА во СКОРПИЈА во опозиција со УРАН се случува во доцните часови, но во текот на целиот ден ќе биде почувствувана токму оваа силна потреба за будење и нагли промени, момент кога животот ќе биде засекогаш трансформиран, а светот нема никогаш да биде ист и нема да можеме да се преправаме дека работите ќе останат обични и рутински. Светот се буди во чудење! Ова е СУПЕР МЛАДА МЕСЕЧИНА, кога МЕСЕЧИНАТА е најблиску до Земјата во својата орбита околу неа.
Најсилната потреба за револуција ќе се почуствува околу рестрикциите поврзани со Коронавирусот пандемијата, наметнувањето на силните рестриктивни мерки и непочитувањето на слободата на личен избор. Сето ова ќе кулминира со ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА на 19 Ноември, која што воедно е и Лунарна Еклипса, а која што ќе има влијание во следните шест месеци.
Денес велот се открива и ќе се почувствувате различни од мејнстримот на друштвото — ќе пиете божествен еликсир, кој што ви е понуден како најголем дар — МЕРКУР секстил ВЕНЕРА.
МЛАДАТА МЕСЕЧИНА е конјункција на СОНЦЕТО со МЕСЕЧИНАТА, нов циклус од 28 дена, а тоа е неверојатен момент на инспирација, магија и волшебство во секој чекор. Иако патот не е лесен, сега можете да одлучите да бидете променети засекогаш, стремејќи кон поголема независност, и индивидуалност, со што ќе остварите нови контакти, поетски моменти и прекрасни искуства. Ова е време на огромни мистични искуства, авантури, слобода и откритија. Зацртајте нови планови и започнете нешто, било што што ќе го храни вашиот дух и ќе се исполни за време на следната ПОЛНА МЕСЕЧИНА.
5 Ноември 2021 — Петок
СОНЦЕ во СКОРПИЈА, МЕСЕЧИНА во СКОРПИЈА
ВЕНЕРА транзит ЈАРЕЦ,
( 5 Ноември 2021–6 Март 2022 ),
( ВЕНЕРА ретроградна 19 Декември 2021–29 Јануари 2021 )
МЕРКУР транзит СКОРПИЈА, 23:35 ч.
( 5–24 Ноември )
Чувството за итност продолжува во текот на денешниот ден, а за да има нови почетоци, некои работи треба да дојдат до природен крај: ако досега бевте заглавени во било какви деструктивни односи или ситуации, верувајќи дека така е подобро, природниот крај на нештата ќе се случува токму пред вашите зажарени очи, бидејќи ова е момент на катаклизми, промени на земјата, на морињата и небото — СОНЦЕ опозиција УРАН — за кои што и самите ќе бидеме сведоци.
Сѐ во светот има свое време и траење, а транзитот на ВЕНЕРА во строгиот ЈАРЕЦ говори за тоа дека неозбилните и плитки однесувања не носат никакво добро: ако се обидувате да го задржите светот кој што еволуира, самите ќе ги сносите последиците, ќе ја исцрпите својата сила, а соочувањето со промената ќе ви помогне да се промените на длабоко ниво, да созреете, да се реструктуирате и да ја вратите својата автентична природа, оставајќи ги непродуктивните врски зад себе.
Деструкцијата служи за поставување на нови правила, стандарди и конструкции, а сега тоа нема да може да се сопре — ВЕНЕРА транзитира во ЈАРЕЦ. Обичните и плитки врски нема да ве интересираат, а ќе сакате да знаете како изгледате во очите на другите и дали сте доволно ценети. Сега се можни врски со драстична разлика во годините, како и сериозни и трајни љубови.
За време на нејзиното ретро движење ќе бидете во фаза на преиспитување, навраќање на старите врски, коригирање на постоечките, а сето тоа ќе вроди со многу напнатост и нервоза. Вредностите ќе варираат, како и финансиите, па ова е период кога се сугерира штедење на ресурсите.
Сепак соочувањето со тешките времиња ќе ви донесе толку многу убавина, богаства и нови шанси, а вашиот дух ќе стане похрабар, порезистентен и прероден — МЕСЕЧИНА тригон ретрограден НЕПТУН во инспиративните РИБИ! Ова е време за нови почетоци, во кои што ќе процутите!
6 Ноември 2021 — Сабота
СОНЦЕ во СКОРПИЈА, МЕСЕЧИНА транзит СТРЕЛЕЦ
( 6–8 Ноември ),
Пред полноќ комуникативниот МЕРКУР влезе во СКОРПИЈА, каде што добива добра ментална концентрација, инстиктивно разбирање, невербална комуникација и интуитивна перцепција. Интересот за медицината расте, како и за биологијата, но и желбата за контакт со животните.
Транзитот на МЕСЕЧИНАТА во СТРЕЛЕЦ ја олеснува по малку тешката енергија од стелиумот во СКОРПИЈА, па ќе откриете дека денес сте поопуштени, релаксирани и смирени. Тежнеете кон пријателства, љубовни врски и вистинска среќа. Ја сакате слободата, природата, авантурите и спортот.
Сега сте сигурни, зрели, а вашата болка и кризи се минато — МЕРКУР во трансформативната СКОРПИЈА секстил ВЕНЕРА во сигурниот ЈАРЕЦ. Иако е возможна љубомора или завист, љубовта која што ја негувате сега може да се продлабочи — колку повеќе ќе давате, толку повеќе и ќе добивате.
Ова е одличен ден за убави семејни врски, материјална сатисфакција, стабилна среќа и долготрајни успеси, за што треба да се биде благодарен. Искористете ја дарбата за креативно пишување, дизајн или креирање на накит. Користете го талентот за хумор, такт и личен шарм.
7 Ноември 2021 — Недела
СОНЦЕ во СКОРПИЈА, МЕСЕЧИНА во СТРЕЛЕЦ
Не секој може да носи круна, да биде благороден и грациозен, но оние кои што го прават тоа, се одговорни, смирени и фокусирани на помагање на оние кои што имаат секакви барања — МЕРКУР секстил ВЕНЕРА.
ВЕНЕРА во овој знак не може да биде доминирана, ниту пак да се влијае врз неа, бидејќи таа се носи со своите одговорности многу добро: креира граници, не чувствува потреба да им удоволи на другите и е фокусирана на апсолутно внимание. Важен ѝ е статусот со кој што доаѓа притисокот, но и одговорноста, затоа е трпелива, достоинствена и благодарна за шансите да го менува светот според своите желби — ЈАРЕЦОТ е знак со кардинален квалитет.
Денес ќе откриете дека сте смирени, самодоволни и со силен авторитет — одговорни во сите ситуации од животот и подготвени да се борите за своето место во светот, особено ако противникот е далеку посупериорен од вас.
Квадратот МЕСЕЧИНА/НЕПТУН поттикнува на дружење со истомисленици, бидејќи сега е приоритет да се воспостават хармонични врски, како со саканите, така и со роднините. На тој начин ќе се осигурате дека вашите разновидни напори ќе резултираат со екстермно позитивни успеси.
Најдете време да прошетате во природа, да се одморите или да ги прошетате своите миленици, а во вечерните часови слушајте музика која што ќе го врати вашиот емоционален баланс и хармонија.
@ИренаТанчева
@IrenaTancheva