Ирена Танчева,
Неделна Астролошка Прогноза,
20–26 Декември 2021
Декември 21, 22:53 ч. Месечината влегува во Лав
Декември 24, 09:24 ч. Месечината влегува во Девица
Декември 26, 17:24 ч. Месечината влегува во Вага
Декември 21, 11:52 ч. Церес Ретрограден влегува во Бик
Декември 21, 16:59 ч. Сонцето влегува во Јарец
Декември 24, 08:16 ч. Сатурн квадрат Уран
Декември 24, 08:25 ч. Јупитер квинтил Уран
Декември 27, 03:24 ч. Последна Четвртина на Месечината
на 5 Ваг 32'
Анализата е изработена според Централно Европско Време
20 Декември 2021 — Понеделник
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА во РАК
Работната недела започнува со блескаво расположение , светли емоции и чувство за транформација — СОНЦЕ секстил ЈУПИТЕР — и сега можете да ја пренесете новостекнатата мудрост на другите дури и без да некоја особена намера — МЕСЕЧИНА опозиција МЕРКУР.
МЕСЕЧИНАТА во РАК е нежна, говори тивко и инспирира преку уметност, танц, поезија и музика, затоа веднаш сте привлечени од некој вид на креативен ангажман бидејќи таа ќе ви наслика со еден замав на четкичката како да напредувате нудејќи ви мудар и разумен совет.
Оваа МЕСЕЧИНА ги става во прв план водените знаци — РАК, СКОРПИЈА и РИБИ — кај кои што ќе се разгори страста, како и топлиот ентузијазам, така што со својата желба ќе ги инспирираат и останатите знаци.
МЕСЕЧИНА квадрат КАЈРОН Директен е аспект кој што ќе ја зголеми сензитивноста и ќе ви даде можност да се соочите со своите сенки од детството, најмногу поврзани со мајката. Сепак овој вид на болка ви дава можност да ги разберете и да им помогнете на другите имајќи дарба за гледање преку превезот на нештата.
Ова особено се однесува на кардиналните знаци — ОВЕН, РАК, ВАГА и ЈАРЕЦ — како и на оние со Асцендент или планети во истите, кои што полесно ќе ги препливаат бурните емоционални води.
МЕРКУР во прецизниот ЈАРЕЦ тригон УРАН Рх во талентираниот БИК е аспект кој што ќе даде многу оригинални идеи, како и можност за лесна комуникација: сега ќе имате интересни, напредни и оригинални увиди, особено ако припаѓате на земјените знаци — БИК, ДЕВИЦА и ЈАРЕЦ — но и останатите ќе го почувствуваат влијанието на овој аспект во некој сектор од својот живот.
САТУРН во широк секстил со КАЈРОН Директен во воинствениот ОВЕН ве советува да не превземате ризични дејствија, особено ако се на штета на другите: останете љубезни при следењето на своите цели.
Ова е одличен ден да им дадеме поддршка на другите, да се грижиме нежно за нив и да им дадеме насока, но и простор за личен растеж. Можеме да ги информираме, подготвиме и советуваме, но еден момент ќе треба да им дозволиме самите да го изберат својот пат.
Во вечерните часови тиргонот МЕСЕЧИНА/НЕПТУН ќе ја нагласи потреба за припаѓање, силните емоции, како и желбата за уживање во убав амбиент, така што ќе откриете дека сакате да жртвувате нешто со цел да ги направите останатите среќни. Секако не мора да ставате маски и да дејствувате неприродно, туку направете го тоа сѐсрдно и искрено.
21 Декември 2021 — Вторник
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, преоѓа во ЈАРЕЦ,
( 21 Декември — 20 Јануари 2022 ), 16:59 ч.
МЕСЕЧИНА во РАК,
преоѓа во ЛАВ ( 21–24 Декември ), 22:53 ч.
ЦЕРЕС Ретрограден влегува во БИК, 11:52 ч.
МЕСЕЧИНА тригон НЕПТУН, а во опозиција со којнункцијата ВЕНЕРА Рх/ПЛУТОН во ЈАРЕЦ — сето ова ги буди анималните нагони, но и неодлучноста. Тоа е како да имаме многу информации, а не знаеме дали да појдеме десно или лево, бидејќи и двете страни нѝ делуваат ризични.
Интуицијата нѝ вели да бидеме нежни и сензитивни кон туѓите потреби, но од друга страна би можеле да дојдеме до конфликт помеѓу своите и туѓите потреби. Можно е чувство на недакеватност во друштвените ситуации кое што ќе се надмине со поголемо разбирање за баланс во интимните врски.
ЦЕРЕС во своето ретроградно движење денес повторно влегува во практичниот БИК, со што го активира практичното поврзување на родителите со своите деца. За време на овој период тој ќе даде утеха преку константна активност, особено при поддршката на носење на тешки одлуки.
Во попладневните часови СОНЦЕТО менува знак и преоѓа во прагматичниот ЈАРЕЦ, што за Северната Хемисфера означува почеток на Зимата — ова се нарекува Зимски Солстициј, кога ноќта е најдолга во текот на целата година, а денот има најкратко траење.
Овој транзит ќе ги стави на прво место земјените знаци — БИК, ДЕВИЦА и ЈАРЕЦ — коишто со леснотија ќе дојдат до саканата сигурност и стабилност. Играта на огледала конечно ќе заврши и полесно ќе се доаѓа инспиративни контакти и врски.
Доцна навечер МЕСЕЧИНАТА влегува во помпезниот ЛАВ, кој што секогаш сака да биде во центарот на внимението. Таа тука е драматична, театрална, но и топла, па сега ќе откриете дека сакате да играте, да го добиете туѓото внимание и да љубите со целото срце.
22 Декември 2021 — Среда
СОНЦЕ во ЈАРЕЦ, МЕСЕЧИНА во ЛАВ
Денот започнува со прекрасен огнен тригон на МЕСЕЧИНАТА во широкоградиот ЛАВ со МАРС во ентузијастичниот СТРЕЛЕЦ, аспект кој што дава силна мотивација и самодоверба, така што сега ќе откриете дека добро ги препознавате шансите за напредување кои што ќе ги искористите со леснотија.
Ова најмногу се однесува на огнените знаци — ОВЕН, ЛАВ и СТРЕЛЕЦ — кои што за чудо ќе бидат повеќе фокусирани на туѓите потреби, отколку на своите и со тоа ќе ја растераат негативната енергија и темните облаци околу себе.
СОНЦЕТО во ЈАРЕЦ ја поттикнува сериозноста, одговорноста и правилното извршување на работите. Чесни и истрајни, ќе работите да ги остварите своите амбиции, а останатите ќе ве почитуваат бидејќи ќе ја воочат вашата мудрост.
СОНЦЕ квинкункс СЕВЕРЕН МЕСЕЧЕВ ЈАЗОЛ во БЛИЗНАЦИ открива дека ова е судбински момент во кој што можете да ја остварите својата цел во животот, особено ако не дозволувате егото да ви ги плетка конците. Сѐ додека си мислите дека со сила ќе надиграте некој, животот ќе ви понуди неочекуван пресврт со што ќе ве разубеди во спротивното. Затоа ова се денови кога ќе откриете дека што повеќе живеете да им служите на другите, толку повеќе ќе пронајдете вистинско исполнување.
Во вечерните часови МЕСЕЧИНАТА прави директна опозиција со САТУРН во хуманистичката ВОДОЛИЈА, аспект кој што ќе го нагласи чувството за одговорност, но и сензитивност кон критика, особено од страна на постарите
личности и авторитети.
Ова најмногу се однесува на фиксните знаци — БИК, ЛАВ, СКОРПИЈА и ВОДОЛИЈА — кои што ќе треба да вложат екстра внимание ако сакаат да ги остварат своите цели. Најверојатно нешто се случува зад сцена, а вие сте преокупирани за да го откриете тоа навреме. Затоа фокусирајте се подобро.
23 Декември 2021 — Четврток
СОНЦЕ во ЈАРЕЦ, МЕСЕЧИНА во ЛАВ
МЕСЕЧИНА тригон Асцендент и во квадрат со УРАН Рх во практичниот БИК: ова е момент кога ќе имате чувство дека се натпреварувате за некоја возвишена цел, која што од вас ќе ги извлече само најдобрите квалитети!
Ако се јави тензија, обидете се да ја дифузирате со хумор и пријателски дух. Сега ќе инсистирате да се воведат промени, возбудливи нови шанси, како и откритија кои што ќе ја сменат рутината која што постанува досадна и репетитивна.
Повторно фиксните знаци доаѓаат во прв план — БИК, ЛАВ, СКОРПИЈА и ВОДОЛИЈА — кои што сега ќе инсистираат на емоционална слобода, особено во домашниот живот кој што засега се чини дека е на стенд-бај.
Ова важи и за останатите знаци кои што ќе откријат дека делуваат по малку ексцентрично и дека сакаат да се истакнат од толпата, но штом научите да ги гледате работите од сите аспекти, вашата интуитивна и емоционална природа ќе процути.
Во вечерните часови МЕСЕЧИНАТА ќе направи опозиција со веселиот ЈУПИТЕР во урбаната ВОДОЛИЈА, аспект кој што ќе помогне да ги надминеме ситните несогласувања на еден пријателски и весел начин. Секој од нас ќе го најде своето место, знаејќи да ги цени работите кои што најмногу нѐ прават среќни и сигурни.
24 Декември 2021 — Петок
СОНЦЕ во ЈАРЕЦ, МЕСЕЧИНА во ЛАВ,
преоѓа во ДЕВИЦА ( 24–26 Декември ), 09:24
САТУРН е планета задолжена за одговорноста, границите и структурата, услови кои што дозволуваат да се постигне позитивна рамка во која што ќе се гради и прави вистински развој.
УРАН е планета која што ја претставува оригиналноста и неконвенционалноста: тоа се услови да се постигне брилијантен гениј или да се стане ексцентричен бунтовник со што се руши конвенцијата и се постигнува напредок на иновативни начини.
Овие две планети денес по трет пат годинава прават егзактен квадрат, аспект кој што сугерира компримис, особено при проблемите со сите видови на авторитети, како и големи организации.
ЈУПИТЕР квинтил УРАН Рх е аспект кој што дава остра интелигенција и продорен ум, како и добар дар за комуникација. Сега ќе се прават стратешки сојузи кои што ќе доведат до нова перспектива во идните решенија.
Фиксните знаци се во фокус — БИК, ЛАВ, СКОРПИЈА и ВОДОЛИЈА — кои што ќе ги разгледуваат своите дела и ќе размислуваат за долготрајните последици. Запрашајте се дали правите одговорни и етички избори? Дали знаете во која насока се движите? Бидете особено свесни и не комплицирајте го своето напредување.
Со транзитот на МЕСЕЧИНАТА во логичната ДЕВИЦА ќе откриеме дека полесно доаѓаме до ред, прецизност и објективност. Ова е момент кога е добро да се водат забелешки, да се категоризираат работите и да се водат дневници, особено за дневните настани.
Променливите знаци доаѓаат во фокус — БЛИЗНАЦИ, ДЕВИЦА, СТРЕЛЕЦ и РИБИ — кои што ќе обрнат поголемо внимание на хигиената, дневните навики и диети.
ВЕНЕРА Рх конјункција ПЛУТОН во ЈАРЕЦ е момент кој што ќе ги извади сенките од ракавите, па така би можеле да се збогуваме со својата подобра природа. Можеби ќе почувствувате дека сте заглавени во темнина, неспособни да ја најдете светлината, затоа избегнувајте ситуации во кои што би можеле да делувате вон вашиот вистински пат.
Ова најмногу се однесува на кардиналните знаци, како и на оние со Асцендент или планети во истите — ОВЕН, РАК, ВАГА и ЈАРЕЦ. Сега е потребно да бидете екстра внимателни, трпеливи и ако некој се обиде да фрли песок во вашата школка, да почекате сѐ додека тоа зрно не се претвори во бисер.
МЕСЕЧИНА тригон СОНЦЕ е момент кога ќе почувствувате дека имате поддршка од семејството и најблиските. МЕСЕЧИНА квадрат МАРС во пријателскиот СТРЕЛЕЦ е момент на благ немир, затоа избегнувајте темпераментни испади во текот на вечерта.
25 Декември 2021 — Сабота
СОНЦЕ во ЈАРЕЦ, МЕСЕЧИНА во ДЕВИЦА
Изутринава се будиме под влијание на тригонот на МЕСЕЧИНАТА со УРАН Рх, но и убавиот тригон МАРС/КАЈРОН. Првиот аспект потенцира многу нови оригинални идеи, како и средба со уникатни личности, а вториот волја да се говори и делува во име на другите, особено немоќните или обесправени лица.
Затоа нетолеранцијата поттикната од квадратот МЕСЕЧИНА/МАРС ќе треба да се надмине со голема доза на трпение, имајќи предвид дека доколку нашите амбиции или желби не се остварени, тие сепак ќе добијат втора шанса наскоро.
Променливите знаци најмногу го чувствуваат ова влијание — БЛИЗНАЦИ, ДЕВИЦА, СТРЕЛЕЦ и РИБИ — кои што ќе треба да избегнуваат избори со кои што би можеле да се повредат самите себе.
Земјените знаци конечно го гледаат својот живот онака како што посакуваат да биде: БИК, ДЕВИЦА и ЈАРЕЦ. Вашата самодоверба е на високо ниво, затоа искористете го овој момент мудро.
МЕСЕЧИНА тригон МЕРКУР во организираниот ЈАРЕЦ е супер аспект за учење, консултации и градење на мостови на доверба. Ова е момент кога добро ги артикулираме своите емоции, а ќе откриеме дека имаме и талент за странски јазици.
26 Декември 2021 — Недела
СОНЦЕ во ЈАРЕЦ, МЕСЕЧИНА во ДЕВИЦА,
преоѓа во ВАГА ( 26–28 Декември ), 17:24
Денот започнува со убав земјен тригон: МЕСЕЧИНА тригон ВЕНЕРА Рх во конјункција со ПЛУТОН: сега другите сметаат на нашата практичност и стабилност.
Постои пријатна и шармантна атмосфера со која што може да се постигне баланс во личните врски. Ова е прекрасно утро за уметност и креација, како и задоволство бидејќи имаме емоционална резерва за да им помогнеме на другите.
Опозицијата МЕСЕЧИНА/НЕПТУН ќе нѐ доведе во контакт со необични личности кои што се духовно наклонети или пак истражуваат во областа на уметноста. Ова е аспект кој што бара од нас да бидеме пореалистични и да имаме јасно чувство за идентитет.
Во попладневните часови МЕСЕЧИНАТА преоѓа во друштвената ВАГА, транзит кој што ја зголемува љубовта за убавината во било која форма. Сега ќе размислуваме за партнерските и друштвените односи, сакајќи да постигнеме договор, баланс и хармонија.
Оваа МЕСЕЧИНА ги става воздушните знаци во прв план — БЛИЗНАЦИ, ВАГА и СКОРПИЈА — кои што ќе најдат начин да ги решат постоечките дилеми и да се отплеткаат од несаканите обврски.
Во 03:24 ч. по полноќ МЕСЕЧИНАТА прави квадрат со СОНЦЕТО во ЈАРЕЦ, што е знак дека таа е во својата Фаза на Последна Четвртина, на 5 Ваг 32' — Човек ги гледа своите идеали кои што заземаат конкретна форма пред неговата внатрешна визија. Ова е момент на сатисфакција, бидејќи иднината сигурно ќе донесе повеќе.
Ова влијание ќе се чувствува со почетокот на следната работна недела: замислете се себе си како херој на својата кочија влечена од бела и црна сфинга, а градот стои немо зад него. Тој размислува за своите постигнувања во реката наречена Живот, како и за стекнатите искуства: гордоста, моќта и амбицијата се вистински соперници на понизноста, широкоградоста и благородноста. Ова се квалитети кои што ќе го диктираат темпото на неговиот конечен успех.
@Ирена Танчева
@Irena Tancheva