Ирена Танчева,
Неделна Астролошка Прогноза, 22–28 Ноември 2021
Ноември 22, 04:33 ч. Месечината влегува во Рак
Ноември 24, 16:58 ч. Месечината влегува во Лав
Ноември 27, 03:11 ч. Месечината влегува во Девица
Ноември 22 03:34 ч. Сонцето влегува во Стрелец 0 Стр 00'
Ноември 24 16:36 ч. Меркур влегува во Стрелец 0 Стр 00'
Ноември 27 02:04 ч. Сатурн секстил Кајрон
Сат 8 Вод 40' секстил Кај 8 Ове 40'Rx
Ноември 27 13:27 ч. Последна Четвртина на Месечината
5 Дев 28'
Анализата е изработена според Централно Европско Време
22 Ноември 2021 — Понеделник
СОНЦЕ транзит СТРЕЛЕЦ ( 22 Ноември — 21 Декември, 2021 )
МЕСЕЧИНА транзит РАК ( 22–24 Номеври )
И додека спиевте драги астро ентузијасти, СОНЦЕТО прејде во оптимистичниот СТРЕЛЕЦ, знак кој што ќе го забрза вашето опоравување после престојот во бурните води на СКОРПИЈАТА. Сите мрачни размислувања, ментален вампиризам и гадни сомнежи остануваат зад нас, а со што ќе доживееме драстична промена во начинот на кој што ги перцепираме работите, ќе го оставиме она што нѝ е познато и сигурно зад себе и ќе појдеме во откривање на нови простори.
Ова најмногу се однесува на огнените знаци — ОВЕН, ЛАВ и СТРЕЛЕЦ — кои што повторно ќе се спријателат со некои аспекти од себе си: планирајте како да се одморите, да најдете време и простор за себе и своите потреби. Заведени од луксуз и алтруистичка работа, тоа ќе ви овозможи да го цените своето тело повеќе, кое што го сметаме за храм на душата.
Сега е време да го напуштиме сето она што го кочи нашиот развој и да одбереме начин кој што е најмногу во согласност со нашите долгорочни цели и највисоко добро: се упатуваме кон подобра позиција во животот, сѐ додека сме волни да еволуираме, да веруваме и да се оттргнеме од онаму каде што сме биле. Емоционалниот багаж останува минато, како и некои навики, однесувања, шеми на размислување и уверувања кои што не водат никаде.
СОНЦЕТО во СТРЕЛЕЦ е авантурист, коцкар и филозоф во исто време, сака да превзема ризици, да открива нови светови и да се обиде со нови и неиспорбани методи и начини на живеење. Затоа сега ќе откриете дека и луѓето со СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ се сончеви, оптимистични индивидуалци, кои што сакаат да патуваат наоколу по светот. За време на овој транзит етиката ќе биде тема на истражување, како и религијата, законот и академските студии.
МЕСЕЧИНАТА во РАК е во својот дом и има супер нагласена позиција, која што делува исцелувачки, смирува, негува и дава простор за емоционален развој. Овој транзит им одговара на водените знаци — РАК, СКОРПИЈА и РИБИ — кои што ќе се обидат да ја сфатат реалноста низ една нова перспектива, фокусирани на убава храна и инспирирани за нови информации. Оваа МЕСЕЧИНА ќе ја нагласи желбата да се биде со блиските, како и чувството на припадност: сакате да зготвите нешто вкусно и да понудите добар совет.
Ова е идеален период за повторно запознавање на своите лични потреби, за отстранување на нечистотијата од личното огледало, за стварање на нови и убави навики. Подгответе се за изучување, истражување, авантура, филозофија, духовни науки, култивирајќи надеж, оптимизам и визија за подобра иднина. Грижата за природниот свет расте.
Отфрлете ги дилемите кои што човечкиот ум може да ги створи — МЕРКУР во СКОРПИЈА — и визуализирајте сребрена светлина како протекува низ вашата крунска чакра. Барајте исцелување и редефинирајте ги своите блиски врски, како со семејството, така и со пријателите, партнерите, но и непријателите — МАРС во СКОРПИЈА секстил ВЕНЕРА во ЈАРЕЦ. Како во извонреден космички танц нови луѓе ќе влезат во вашиот живот, а старите и непродуктивни врски ќе завршат.
23 Ноември 2021 — Вторник
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА во РАК
Сега е време да се фокусираме на сопственото исцелување, емоционално и особено физичкото, а што на практичен начин значи стварање на нови здрави навики, режими за вежбање, практицирање јога и нови начини на исхрана. Вашата душа го бара тоа од вас — МЕСЕЧИНА секстил УРАН Рх во БИК — затоа мора да останете фокусирани на постигнување личен мир, а со тоа и здравје.
Овој став ќе им помогне и на другите да дојдат до истиот заклучок, па така и тие ќе станат посвесни за своите потреби и поодговорни на својот пат за исцелување.
МЕСЕЧИНА секстил УРАН Рх во БИК е аспект кој што говори за потреба од желба за спонтаност, за дружење со опуштени луѓе и ситуации, а МЕСЕЧИНА тригон МАРС во СКОРПИЈА дава сила за надминување на сите потешкотии на еден многу лесен начин. Сега е потребна мирна средина, смирени емоции, особено поради опозицијата на МЕСЕЧИНАТА со ВЕНЕРА во ЈАРЕЦ, бидејќи ова е аспект кој што знае да ги зголеми работите вон нивната вистинска пропорција.
Кардиналните знаци ќе дојдат во фокус — ОВЕН, РАК, ВАГА и ЈАРЕЦ — како и оние со МЕСЕЧИНА или други планети во истите. Не губете надеж дека сте уникатни и скапоцени — вие сте витален дел од големиот танц на вселената. Работите се одвиваат токму онака како што треба, затоа правете малу чекори на својот пат кон целта. Тоа ќе ви помогне многу.
МЕСЕЧИНАТА во опозиција со ВЕНЕРА би можела да предизвика краткотрајни конфликти помеѓу вашите и туѓите потреби,а може да предизвика непријатност во друштвените ситуации, но тоа е краткотраен аспект кој што ќе се намали со вистински баланс помеѓу давањето и добивањето во взаемните релации.
Во вечерните часови МЕСЕЧИНАТА се ближи во опозиција со ПЛУТОН во ЈАРЕЦ, а што е знак дека треба добро да се темпираат емоционалните реакции — не дозволувајте им на останатите да ви диктираат што треба да правите и како да ја возите својата кочија, бидејќи тоа би можело да го забави вашето напредување. Затоа разјаснете ги своите намери, направете конструктивен план, соберете ресурси и продолжете напред.
МЕСЕЧИНА тригон НЕПТУН Рх во РИБИ е аспект кој што ќе ви помогне да се релаксирате и да ги броите своите благослови. Сѐ е добро и сѐ ќе продолжи да биде добро. Протегнете се и размислувајте како да ги проширите своите хоризонти во бескрајна светлина на радоста.
24 Ноември 2021 — Среда
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА во РАК,
преоѓа во ЛАВ ( 24–27 Номеври ),
МЕРКУР транзит СТРЕЛЕЦ,
( 24 Ноември — 13 Декември, 2021 )
Ова е утро кога се будите одморени, освежени и смирени — МЕСЕЧИНА тригон МЕРКУР — бидејќи го прегрнувате своето духовно патување без дилеми, па затоа вашата радост расте, бидејќи и вашето реално себство се манифестира. Сега лесно ги изразувате своите емоции и имате талент да носите решенија базирани според срцето, но и умот.
Ова најмногу се однесува на водените знаци — РАК, СКОРПИЈА и РИБИ — кои што ќе успеат да ги смират своите стравови, илузии и нереални перцепции. Потребата за таинственост, мистерија и загатки се намалува, бидејќи сега гледате подоборо со вашите духовни очи. Затоа верувајте ѝ на својата интуиција.
Попладневниот транзит на МЕРКУР во СТРЕЛЕЦ ќе ја осветли нашата колективна аура: умот е исполнет со убави мисли, очите зрачат со љубов и самодоверба, а внатрешната убавина е единственото нешто што е навистина важно сега. Ќе откриете дека имате вистински увид во работите, па затоа ќе правите големи планови, окупирани со крупни идеи и визии за иднината. Интересот за новинарство, филозофија и политика расте, но и за ризичните и шпекулативни потфати.
Транизтот на МЕСЕЧИНАТА во ЛАВ е момент кога сакаме да дојдеме во прв план и тоа на некој драматичен начин, да бидеме центар на вниманието, да ја покажеме својата лојалност и огромна посветеност кон своите блиски и да се посветиме на креативни проекти. Ова е момент кога таа прави прекрасен тригон со новодојдениот МЕРКУР во СТРЕЛЕЦ, затоа сега нема да се плашите од одбивања од страна на пријателите и семејството бидејќи ја прегрнувате својата духовна и лична вистина.
Ова е прекрасен ден за огнените знаци — ОВЕН, ЛАВ и СТРЕЛЕЦ — кои што ќе се почувствуваат удобно во својата кожа повторно. Сега ќе го најдете своето специјално место и ќе се смирите. Запознавањето на себе си подобро ќе ви помогне да носите подобри одлуки. Можеби другите нема да го разбираат вашиот јазик, но зошто е тоа важно? Не дозволувајте нечија лимитирана визија да ви диктира што треба да постигнете и станете во светот. Другите ќе бараат помош од вас, а вие ќе ја давате сѐсрдно!
25 Ноември 2021 — Четврток
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА во ЛАВ
Благородни, грациозни и благодарни — СОНЦЕ тригон МЕСЕЧИНА — ова е убаво влијание со кое што започнува овој ден. Животот е авантура исполнета со безброј можности и сега лесно ќе го фокусирате своето внимание кон една едиствена цел, особено ако не обрнувате внимание на оние кои што се едноставно погласни од вас или сметаат дека имаат поголемо право и внимание — МАРС сѐуште транзитира во СКОРПИЈА.
На својот транзит во ЛАВ, МЕСЕЧИНАТА ќе направи опозиција со САТУРН во ВОДОЛИЈА, а потоа и квадрат со УРАН Рх во БИК и МАРС во СКОРПИЈА, со што ќе ги стави во фокус фиксните знаци — БИК, ЛАВ, СКОРПИЈА и ВОДОЛИЈА. Ова е момент кога можеби ќе ви се чини дека работите не ви одат онака како што сте замислиле и дека светот е против вас, но сѐ додека се борите за некоја праведна цел, ќе успеете да се изборите со предизивиците, затоа останете си доследни на своите идеали — СОНЦЕ конјункција МЕРКУР — а кој што аспект ќе ви помогне да се изразувате ефикасно и да барате начини преку кои што ќе ги пренесете своите идеи.
Затоа одберете момент кога да кажете — Не! — без да избувнете или да бидете груби, туку останете трпеливи, одговорни и благодарни што секој ден се јавува можност да го менувате светот со чувство на чест и дигнитет.
ВЕНЕРА во ЈАРЕЦ секстил МАРС во СКОРПИЈА е аспект кој што ги буди романтичните чувства и сентименти, па оваа вечер ќе биде добро да обрнете внимание на своите романтични односи. Сега ќе ги изразувате своите емоции искрено, непретенциозно и реално, постигнувајќи поголем баланс во своите љубови и романси.
Отворете ги очите кон убавината, запрашајте се што ве чини среќни и отворете се кон новите можности кои што ќе следат. Разбудете госвојот дух и истражувајте со воздбуда! Подобрете го својот свет.
26 Номеври 2021 — Петок
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА во ЛАВ
Денот започнува со квадрат помеѓу МЕСЕЧИНАТА во ЛАВ и МАРС во СКОРПИЈА, момент кога новите идеи и проекти се раѓаат, а креативноста извира природно одвнатре, што укажува на богатство, здравје и љубов.
Иако ова е аспект кој што ствара тензија и нетолеранција, сепак токму оваа брзина ќе доведе до потреба за созревање, по што ќе можеме да ги оствариме своите амбиции и соништа, следејќи ги трпеливо од нивниот почеток, сѐ до нивното остварување во физичкиот свет. Иако можеби накратко ќе сакате да бидете сами, откако ќе си ја вратите самоконтролата ќе откриете огромна енергија која што ќе ја канализирате во своите активности.
Фиксните знаци се повторно во фокус — БИК, ЛАВ, СКОРПИЈА и ВОДОЛИЈА — кои што ќе ја добијат заслужената почит, нивната работа и остварувања ќе бидат ценети, а со тоа ќе можат да ги зголемат и хонорарите за своите услуги или пак ивестициите. Денес вашиот статус расте, а сето тоа затоа што бевте храбри да ги следите своите соништа до крај!
МЕСЕЧИНА опозиција ЈУПИТЕР во ВОДОЛИЈА е момент кога се јавуваат романтични можности, па затоа се поврзуваме со останатите на еден весел, пријателски начин, сакајќи да дојдеме до симпатични реакции. Вечерта се отвора простор за креирање на нови правци во интимната сфера, па дури и да се случи да паднете на ова поле, ќе бидете среќни бидејќи набрзо потоа ќе имате сила веднаш да застанете на своите нозе. На овој начин ќе дојдете до важни лекции во животот, кои што ќе го забрзаат вашиот личен развој.
Со коректно делување работите ќе се смират на природен начин: сѐ си има свое место и време во овој живот, како и кармички последици или награди.
27 Ноември 2021 — Сабота
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА транзит ДЕВИЦА
( 27–29 Ноември ),
Последна Четвртина на Месечината
МЕСЕЧИНАТА во ДЕВИЦА е чиста, педантна, аналитична, методична, критична, самокритична и суперкритична, но тоа не значи дека треба да се окупирате со некое прашање толку долго, па да се парализирате размислувајќи што е најдобро од целата таа мешавина на идеи. Резервирана кога станува збор за емоциите, таа ужива да направи нешто во име на другите и на тој начин да ја покаже својата љубов.
САТУРН во ВОДОЛИЈА прави секстил со КАЈРОН Рх во ОВЕН, а што е можност за напредување на еден пријателски начин, без преголема доза на компетитивност. Ова е ден кога ќе се јави можност низ истрајност да се соочите со емоционалната болка во вашиот живот и да го откриете своето природно чувство за авторитет. Како резултат ќе можете да им служите како асистенција на другите луѓе кои што минуваат низ период на некаква болка.
Ако се јави доза на тензија, задржете го чувството за хумор и тимски дух. Запаметете дека сите тука сакаат да победат, што ќе се случи во вистинскиот и божествен тајминг.
МЕСЕЧИНА квадрат МЕРКУР е аспект кој што ќе го разбуди вашиот интерес за мотивациите на другите луѓе, па ќе сакате да слушате внимателно, поттикнувајќи ги луѓето да говорат за своите интереси, чувства и искуства.
Ова особено се однесува на променливите знаци — БЛИЗНАЦИ, ДЕВИЦА, СТРЕЛЕЦ и РИБИ — кои што ќе успеат да ги изнесат своите чувства на површината. Тоа ќе биде со неутрален карактер, бидејќи со созревањето овие длабочини и не се повеќе толку страшни. Затоа сега ќе откриете дека сте далеку поподготвени за истражување.
СОНЦЕТО во квадрат со МЕСЕЧИНАТА е момент на преипситување, па затоа би можеле да се соочите со пораки од спортиставен карактер. МЕСЕЧИНАТА денес доаѓа до својата фаза на Последна Четвртина, момент на привршување на еден циклус од три недели, кога ќе се запрашате до каде сте стигнале на патот на својата самореализација. Дали сте горди поради своите уверувања? Дали постигнавте јавно признавање? Дали научивте доволно?
За среќа МАРС се ближи во убав тригон со НЕПТУН Рх во РИБИ, аспект кој што ќе помогне да завземеме имагинативен и необичен пристап кон постигнувањето на солуции. Сега е добро да се работи во име на другите, наместо да се остане фокусиран на своите тесни лични интереси, така што конфликтите ќе бидат дефузирани, а конфронтациите ќе се смират на еден мирен и задоволувачки начин — МЕСЕЧИНА тригон УРАН Рх во БИК. Започнете да размислувате за креативна соработка кон некоја заедничка цел.
28 Ноември 2021 — Недела
СОНЦЕ во СТРЕЛЕЦ, МЕСЕЧИНА во ДЕВИЦА
Можеби ќе откриете дека сте биле толку многу окупирани со исходот на некое прашање или аспект од животот, така што сте жртвувале многу: дел од своето време, здравје, љубов и среќа и повеќе не сте онаа личност која што ги посакува сите тие приказни. Сега е време да замислите нова приказна, која што ќе се остварува во следните неколку дена. Ова е само еден ситен момент во милиони моменти во континуумот на животот кога ќе откриете дека нови приказни чекаат да бидат раскажани.
Ако сакате да го доживеете животот во дух на авантура — СОНЦЕ и МЕРКУР во СТРЕЛЕЦ — ќе треба да се движите низ светот како дете — полни со доверба, надвор од темнината на сомнежите кон боите на виножитото, чекор по чекор чудејќи се на секоја убава креација.
Денес е ден кога навистина не ви се потребни мапи, ниту специјални програми, единствено е важен вашиот внатрешен компас. Можеби се чувствувате ранливо, особено ако припаѓате на променливите знаци — БЛИЗНАЦИ, ДЕВИЦА, СТРЕЛЕЦ и РИБИ — но затоа, пак, дури и најситните искуства ќе претставуваат една убава авантура.
Сега не е време да се следи традицијата, туку да се трасираат нови патеки и патишта, кои ќе довдеат до радикални и лични реализации. Животот е една огромна потраг во која што ништо не е сигурно и не е трајно, сем самата промена и често пати можеби нема да постигнете некоја конкретна цел, но само ако се изгубите ќе можете повторно да се најдете — МЕРКУР конјункција СОНЦЕ.
Можеби се чини дека е лесно да се рафрлате со убавината, младоста или можностите, бидејќи тие се чинат како вечен дар, но сега е време да инвестирате во своето здравје, да креирате поголемо богатство и да учите, со што ќе си помогонете самите на себе, а потоа и на другите — МЕСЕЧИНА тригон ВЕНЕРА во ЈАРЕЦ.
Затоа оваа Недела е идеален ден за забава, бидејќи сите богаства и играчки на светот се бескорисни ако забораваме да си играме со нив. Денес барајте друштво и утеха во едноставните задоволства.
Ова особено се однесува на земјените знаци — БИК, ДЕВИЦА и ЈАРЕЦ — кои што ќе треба да се запрашаат кој е изворот на нивната среќа. Престанете да се грижите и визуализирајте позитивни и креативни исходи. Разговарајте со пријателите и побарајте совет.
Ова е одличен ден за контакти, духовни врски и конекција со своето Повисоко Себство, кое што ќе ви овозможи да ги доживеете и останатите на еден полесен и полезен начин.
@Ирена Танчева
@Irena Tancheva